Иран демантира дека стои зад нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија

Од:

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од САД дека стои зад нападите врз нафтените постројки во Судиска Арабија, оценувајќи ги како дел од вашингтонската политика на „големи лаги“.

Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави, изјави дека Вашингтон спроведува политика на „максимален притисок“ врз Иран, но заради својот неуспех сега се служи со „максимални лаги“, пренесоа американските медиуми.

Вчерашните напади на беспилотните летала на јеменските бунтовници Хути врз најголемата постројка за преработка на нафта и едно големо нафтено поле во Саудиска Арабија влијаеше на привремената суспензија на производството на нафта на локациите Абкаик и Хураис.

Американскиот претседател Доналд Трамп по нападите го повика саудискиот престолонаследник Салман и му ја изрази американската поддршка.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори