Ирак: Во експлозии загинаа 45 луѓе, а 205 се повредени

Од:

Во експлозии на бомби, чии цели биле шиити и силите за безбедност во Ирак денеска загинаа 45 лица, а 205 се повредени, соопшти полицијата и медицинските извори.

Како што нагласува АФП, ова е најцрн и најкрвав ден во Ирак во последните два месеци.

Во градот Хил, две бомби биле поставени поред патот, со цел да ги погодат шиитските аџии,при што загинале 33 лица, а 166 биле повредени, потврди член на провинцискиот совет Хамед Ахмед Абуд.

Безбедносните сили го блокираа местото на експлозијата и поставија контролни пунктови низ градот, а од силината на експлозијата искршени се прозорците на околните продавници.

Во експлозија на автомобил-бомба под еден мост во светиот град Карбала, загинаа пет, а повредени се 13 лица, а во самоубиствен бомбашки напад врз воена патрола во Фалуџа, западно од Багдад, убиени се тројца војници, а исто толку се повредени како и четворица цивили .

Во Мосул во експлозија на автомобил-бомба убиени се еден полицаец и цивил, а двајца полицајци се ранети, изјавија полициски и медицински извори.

Во експлозија на автомобил-бомба на главниот пат јужно од Багдад загина едно лице, а повредени се 11, меѓу нив и тројца полицајци, додека во експлозија на две бомби поред пат во близина на воена база северно од Багдад, погина еден човек, а шест се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи и болничките извори.

Шиитското мнозинство како и припадниците на ирачките сили за безбедност многу често се мета на бомбашки напади на сунитските екстремисти, потсетува француската агенција.

По денешното насилство бројот на загинати во нападите во текот на ноември се зголеми на најмалку 152, наведува АФП повикувајќи се на интерен биланс базиран врз основа на безбедносни и болнички извори.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија