Ирак не може да го спречи трансферот на оружје од Иран во Сирија

Од:

Ирак не може да го спречи ипраќањето оружје за Сирија од соседен Иран со авиони низ ирачкиот воздушен простор, изјави ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари, во текстот, кој денеска го објави панарапскиот весник „Ашарк ал Авсат“.

– Го отфрлуваме и осудуваме трансферот на оружје низ нашиот воздушен простор и за тоа формално ќе ја известиме иранската страна. Меѓутоа ние не можеме тоа да го спречиме, рече тој.

Иран е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој се бори против претежно сунитските бунтовници во граѓанската војна, во која досега загинале над сто илјади лица.

САД, кој бараат од Асад да се повлече од власт, го предупредија Ирак да не му дозволи на Иран преку ирачкиот воздушен простор да испраќа оружје за Сирија.

Зебари нагласи дека доколку западните земји сакаат да ги спречат тие летови, мора да помогнат во тоа.

– Доколку сметате дека тие летови ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН, со кои се забранува увоз и извоз на оружје за Иран, ве повикувам во име на нашата Влада да ни помогнете да ги спречиме таквите летови низ ирачкиот воздушен простор, рече шефот на ирачката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија