Ирак ќе распореди граничари на границата со Иран и со Турција

Од:

Федералната Влада на Ирак вчера соопшти дека заедно со Владата на ИрÐ �чки Курдистан и вооружените сили на автономниот регион ќе изготви план за распоредување на ирачки граничари на границата со Иран и со Турција.

Плановите за распоредување на ирачки граничари првенствено се насочени кон Иран, чии сили изминатите денови бомбардираа цели на иранските курдски опозициски организации со седиште во северниот дел на Ирак.

Претходно, Техеран побара од Багдад да преземе мерки за безбедноста на заедничката граница.

Во моментов, пограничните области на Ирачки Курдистан се контролирани од вооружените сили на автономниот регион, кои сепак се подредени на Министерството за одбрана во Багдад.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат