Ирак и Левант го блокира доставувањето храна и лекови до сирискиот град Дејр ал Зур

Од:

Џихадистичката групација Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ) го спречува доставувањето на пратките со лекови и храна до десетици илјади Сиријци во регионот на источниот град Дејр ал Зур, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.

Некои делови од градот, кои се наоѓа под контрола на други исламистички бунтовници, кои се борат против борците од ИДИЛ, се под опсада, откако исламистичката групација почна на 30 април масовен напад, врз источните, западните и југозападните региони на градот. Како резултат на борбите борците од ИДИЛ ја презедоа контролата врз главниот влез кон Дејр ал Зур.

Сирискиот центар алармира дека некои делови од градот, во кој живеат 25 илјади жители, се недостапни за возилата, кои доставуваат храна и лекови, како и за возилата на брза помош.

Според информациите на Центарот околу 40 борци загинале во судирите од 30 април, од кои 245 од редовите на ИДИЛ и нивните сојузници.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија