Ирачките сили убија 279 сунитски бунтовници за 24 часа

Од:

Ирачките сили за безбедност во изминатите 24 часа во контраофанзива против сунитските милитанти, предводени од движењето Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ) убиле 279 терористи, соопшти денеска портпаролот за безбедност на ирачкиот премиер Нури ал Малики, генерал-полковникот Касем Ата.

На прес-конференција Ата истакна дека Багдад повторно презел иницијатива за враќање на контролата.

Сунитските бунтовници, откако во понеделникот ја почнаа офанзивата, зазедоа една цела провинција и делови од уште три, вклучувајќи го и вториот по големина град Мосул.

Во меѓувреме Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека сириската армија веќе 24 часа врши напади врз базите на ИДИЛ на границата со Сирија.

Центарот прецизираше дека воено-воздухопловните сили на режимот на претседателот Башар ал Асад ги бомбардираат бастионите на групацијата во северните провинции Рака и Хасака.

– Напади првпат се со толку голем интензитет, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Според него активирањето на сириската армија се појаснува со фактот дека ИДИЛ успеал да внесе во земјата тешко оружје и тенкови и теренски возила.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија