Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади го развеа националното знаме на граничен премин со Сирија, откако владините сили го зазедоа од групата „Исламска држава” (ИД).
Според ТВ каналот „Ал Ирак” Абади посетил денеска градот Ал Каим, кој беше ослободен пред неколку дена и најблискиот граничен премин Хусајба. Тие се наоѓаат на важен автопат користен од џихадистите за снабдување во време кога контролиралаа големи делови од териториите на Ирак и Сирија.