Ирачкиот Парламент без кворум за избор на нов претседател

Од:

Ирачкиот Парламент денеска го откажа гласањето за нов претседател бидејќи немаше кворум, соопштија тројца пратеници.

Присутни беа само 58 пратеници од 329, што е помалку од две третини потребни за избор на претседател чии овластувања се главно церемонијални.

Многу пратеници вчера рекоа дека ќе го бојкотираат гласањето откако Врховниот суд привремено ја суспендираше кандидатурата на поранешниот министер за надворешни работи поради наводи за корупција.

Станува збор за Хошијар Зебари, прозападен политичар по потекло од Ирачки Курдистан. Зебари вчера рече дека ја почитува одлуката на судот, но ги отфрли обвинувањата.

– Повеќето политички партии ја бојкотираа денешната седница поради немање политички договор за претседателот, изјави сунитскиот пратеник Мишан Џабури и додаде дека Парламентот нема да заседава додека не се постигне договор.

Одлуката е удар за популистичкиот шиитски свештеник Моктади ал Садр, победникот на изборите во октомври. Тој вети дека брзо ќе протурка влада која би можела да ги исклучи сојузниците на Иран.

Садр, Курдската Демократска партија чиј член е Зебари и сојузот на сунитски пратеници, ја поддржа кандидатурата на Зебари.

Садр ја повлече поддршката кога се појавија наводите за корупција и рече дека идниот претседател мора да ги исполни условите за функцијата.

Зебари беше министер за надворешни работи повеќе од една деценија, а во 2016 година парламентот го смени од функцијата министер за финансии поради обвинувања за корупција

Според ирачкиот систем од 2005 година, премиерот е шиит, претседателот на парламентот е сунит, а претседателот е Курд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија