Ирачката војска зазеде болница во југоисточен Мосул

Од:

Откако со недели не се менуваше линијата на фронтот, ирачката војска навлезе во југоисточниот дел на Мосул, кој е под контрола на Исламска држава и зазеде болница.

Војската соопшти дека преземањето на болницата почнало кусо по шест часот изутринава по локално време со воздушни напади на областа Ал Салам.

Командатот на операцијата генерал Абдул Амир Јарелах изјави дека таа болница била база на ИД.

– Тие тука ги лекуваат сите нивни ранети припадници, рече генералот и изрази надеж дека преземањето на болницата ќе ја ослабне ИД.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија