Ирачката војска навлезе во Мосул

Од:

Ирачката војска денеска навлезе во една населба во Мосул, што е прв пат владините сили да влезат во тој град по двонеделните борби во околните области, во рамки на офанзивата цел е протераување борците од Исламска држава (ИД) од градот, изјави претсавникот на ирачката војска, генерал Висам Аранџи.

– Војската навлезе во Мосул. Сега се борат во населбата Хај ал Карама, изјави генералот Аранџи од Антитерористичката служба, чии припадници се обучувани од САД.

Тој се наоѓа во Базваји, село источно од Мосул, од каде претходно денеска беше потисната ИД. Аранџи нагласи дека ирачките сили ќе продолжат да напредуваат во Карама, се додека силите на другите фронтови не напредуваат доволно за да „им го штитат грбот“.

Антитерористичките единици ја продолжија денеска офанзивата по минатонеделата пауза на источниот фронт, откако напредуваа побрзо отколку силите на другите фронтови, за да им овозможат да ги стигнат и да е приближат до градот.

Ирачките сили за безбедност и курдските борци пешмерги ја почнаа офанзивата на 17 октомври со воздушна и копнена поддршка на коалицијата, предводена од САД против сунитските екстремисти.

Проиранските ирачки шиитски милитантни групи се придружија кон борбите во саботата, со цел да го пресечат патот за снабдување на ИД од Мосул до Рака, главно упориште на ИД во Сирија.

Битката за Мосул, каде и натаму живеат 1,5 милиони луѓе, би можела да стане една од најжестоките во немирната деценија, откако со инвазија на САД од власт е соборен Садам Хусеин во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија