Ирачката државна телевизија денеска соопшти дека ќе емитува снимка од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
Британските медиуми јавуваат дека ирачката телевизија, истовремено, цитираше и експерт за тероризам кој кажа дека ирачката разузнавачка служба помогнала во лоцирањето на ал-Багади.
Во американската воена акција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа светските агенции.
Засега, нема официјална потврда на веста.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша „Нешто големо штотуку се случи“.