Ирачката армија тврди дека ги протерала терористите до ИДИЛ од Тикрит

Од:

Ирачката армија денеска ги протера од градот Тикрит терористите од Исламска држава во Ирак и Левант, јави телевизијата Ал Манар. Генерал Али ал Фрејџи командант со операцијата во провинцијата Салах ад Дин изјави дека елитните единици на ирачката армија целосно го контролираат градот.

Армиски сили се префрлуваат од провинцијата Анбар, која граничи со Сирија во соседната провинција Ниневија во северозападен Ирак.

Воената команда подготвува и операција за ослободување на градот Мосул кој е под контрола на борци од ИДИЛ.

Ирачкиот парламент денеска ќе има седница на која ќе се разгледа барањето на премиерот Нури ал Малики за воведување вонредна состојба во државата поради акциите на ИДИЛ во Мосул. Таму живеат 1,8 милиони луѓе од кои стотици илјади вчера го напуштија вториот град по големина во Ирак и се движат кон Ербил, главен град на курдскиот автономен регион. Телевизијата Ал Манар јави дека припадниците на ИДИЛ палат цркви во Ниневија и вршат етничко чистење.

Претходно, денеска вооружени сили на ирачки Курдистан објавија дека презеле целосна контрола врз нафтениот град Киркук за да го заштитат од евентуален напад на бунтовниците. Портпарол на ирачки Курдистан за западни медиуми изјави дека контролата ја презеле откако федералната армија ги напуштила базите во градот.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија