ИОМ: Повеќе од половина Европјани се против зголемување на миграциите

Од:

Повеќе од половина Европјани сакаат намалување на миграциите, а 84 отсто од Грците се против било какво нивно зголемување, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Објавувајќи ги прелиминарните резултати од анкетата на Галуп, која е спроведена во над 140 земји во светот, ИОМ наведува дека трендот на расположение кај Европјаните кон миграциите е спротивен на оној кој важи за другите делови од светот.

Во Европа, која се бори против големиот наплив на мигранти од копно и море, 52,1 отсто од испитаниците изјавиле дека нивниот број треба да се намали, 30,2 процента се тој да биде константен, додека 7,5 отсто бараат уште повеќе мигранти.

Би можело да ве интересира

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски