ИОМ: Најмалку 57 лица се удавија во превртен брод кај либискиот брег

Од:

Најмалку 57 лица денеска се удавија во Средоземно море откако нивниот брод се преврте крај крајбрежниот либиски град Кумс, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ).

„Рибарите и крајбрежната стража донесоа неколкумина преживеани на брегот од Либија“, напиша портпаролката на ИОМ, Сафа Мшехли, на Твитер, без да прецизира колку луѓе биле спасени.

Преживеаните изјавиле дека најмалку 20 жени и две деца се меѓу оние кои се удавија, додаде Мшехли.

Денешната трагедија се случува на помалку од една недела откако околу 20 мигранти се удавија во Средоземното море, додека 500 беа пресретнати и вратени во Либија.

Во првата половина од годината речиси 15.000 мигранти беа пресретнати од либиската крајбрежна стража, поддржана од ЕУ, што според Обединетите нации е повеќе од оние кои се вратија во цела 2020 година.

Би можело да ве интересира

Титовиот брод „Галеб“ се врати во Риека како музеј, се очекуваат околу 50.000 посетители годишно

А1он

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите