Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска соопшти дека од почетокот на годинава преку централниот Медитеран во Европа, главно на италијанска територија, приситгнале повеќе од 20.000 мигранти.
Според ИОМ, ваквите податоци укажуваат дека во последниве месеци се бележи зголемен прилив на мигранти од Африка кон Европа.
– Се уште мораме да ги комплетираме податоци за март. Ние веќе се соочуваме со темпо на пристигнување на мигранти кое надминува се што сме виделе досега во Медитеранот. Тоа е карактеристично во текот на пролетта, но не е својствено бројот на мигранти да биде толку голем во овој период на годината, изјави портпаролот на ИОН, Џоел Милман.
Тој нагласи дека според податоците на ИОМ, од почетокот на годната на патот од Либија кон Италија се удавиле околу 500 мигранти.