Инвазија врз последното упориште на Боко Харам во Нигерија

Од:

Со поддршка на воздушни сили, нигериската војска вчера изврши инвазија врз последното познато упориште на исламистичката група Боко Харам во шумата Самбиза, настојувајќи конечно да го задуши шестгодишниот бунт на екстремистите, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на воени извори.

Нигериската армија и војниците на соседните Чад, Нигер и Камерун, веќе два месеца водат координирана борба за разбивање на бунтовничките сили, кои во својата борба за воспоставување исламистичка држава досега убија и киднапираа повеќе илјади лица.

Шумата Самбиза на североистокот на Нигерија се наоѓа на околу 100 километри од селото Чибок, каде Боко Харам пред една година од интернат киднапира повеќе од 200 ученички. Разузнавачите веруваа дека бунтовниците ги држат девојчињата токму во оваа шума, но американските беспилотни летала досега не ги имаат снимено.

Портпаролот на нигериската војска се уште не се огласи по повод инвазијата, но еден функционер на војската на Чад рече дека војниците од неговата земја и Камерун се подготвени од другата страна да ја нападнат Самбиза, што се наоѓа на границата со Камерун и дека наскоро ќе тргнат во напад.

Екстремистите на почетокот на годината под своја контрола држеа територија со големина на Белгија, но од тогаш загубија многу нејзини делови. Боко Харам, сепак, и натаму претставува голема опасност за цивилите што покажува и нападот од петокот во кој заклаа 12 лица, додека војската се обидувала да евакуира подрачје околу поранешниот штаб на оваа организација во Гвоза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он