Интернет провајдерот што го користел Сноуден се самоукинува

Од:

Американскиот провајдер Лавабит кој како се верува го користел поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден додека се наоѓал на московскиот аеродром Шереметјево, затворен е денеска вонредно.

На веб-сајтот е поставено писмо од основачот на провајдерот Лавабит, Ладар Левисој кој истакнува дека бил приморан да донесе тешка одлука „да стане соучесник во злосторство против американскиот народ или да напушти скоро 10 години тешка работа со затворањето на сајтот“, наведуваат американски медиуми.

Левисон додава дека одлучил да ја запре работата и би сакал да може легално да ги сподели со јавноста случувањата кои придонеле за таквата одлука, но тоа не може да го стори.

– Чувствувам дека заслужувате да дознаете што се случува, Првиот амандман би требало да ми гарантира слобода да зборувам во ситуации како што е оваа. Но за жал, Конгресот донесе закони кои укажуваат поинаку, нагласи Левисон.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска