Инспекторите на ОН завршија со истрагата за евентуалната употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Инспекторите на Обединетите нации завршија со истрагата и брзо ќе состават извештај за евентуалната употреба на хемиско оружје во сирискиот конфликт, изјави портпаролот на ОН, Мартин Несирки.

Тој наведе дека екипата завршила со земањето примероци и оти инспекторите се подготвуваат да заминат од Дамаск, а утре да ја напуштат Сирија.

Високиот претставник на Обединетите нации за разоружување Анџела Кејн денеска попладне замина од Дамаск. Таа ја преминала копнената граница кај Масна и директно продолжила кон аеродромот во Бејрут од каде заминала со авион за Истанбул.

За заминувањето на Кејн јави и сириската државна телевизија. Кејн договори со сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем присуство на експерти на ОН за истрага за тврдењата за употреба на хемиско оружје крај Дамаск.

Инспекторите на ОН треба да утврдат дали во нападот од 21 август врз предградија на Дамаск сириската армија употребила хемиско оружје. Сириската опозиција и дел од западните држави се убедени дека режимот на претседателот Башар ал Асад употребил хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години