Германскиот институт Роберт Кох оцени дека контролата на температурата на патниците на аеродромите нема ефект.
„Генерално гледано, мерките за влезен и излезен скрининг на аеродромите со мерење на температурата во Германија се неефективни и може и без тие дополнителни контроли“ оценува институтот во својата анализа.
Аргументот против мерењето на температурата е дека многу од заразените со коронавирусот не се препознаваат. Кај помалку од половина од погодените, за кои институтот имал податоци, немале воопшто температура. Во анализата се наведува дека патниците можат да ја спуштат својата телесна температура преку земање средства за намалување на температурата.
Одделни заразени луѓе, според извештајот, немаат се уште или немаат воопшто симптоми, но може да бидат заразени. И кај другите вируси, како САРС, примената на скрининг мерките не се покажало делотворно за препознавање на заболениот.
Институтот Роберт Кох смета дека со примерни и корисни информации за однесувањето во случај на сомневање за коронавирус, како и електронско опфаќање на податоците на патниците, во случај на зараза, надлежните власти би можеле брзо да делуваат.