Според една анализа направена од универзитети од САД и Велика Британија, на дното од листата на „образовани нации“, со која се опфатени 61 држави, се наоѓа Боцвана, а двете следни места на дното ги заземаат Индонезија и Тајланд.
Аналитичарите правеле испитувања во 200 држави, но поголемиот дел од нив немале соодветна статистика со која би се оценувал степенот на образование на жителите.
Десетте први места на листата на „најобразувани нации“ ги заземаат Финска, Норвешка, Исланд, Данска, Шведска, Швајцарија, САД, Германија, Летонија и Холандија. Од азиските земји меѓу првите 30 се Сингапур, Јужна Кореја и Кина.
Објавувајќи ги податоците за светската листа на „образовани нации“, медиумите во Индонезија констатираат дека учењето во државата се уште е привелегија на побогатите.
Сиромашните остануваат недоолно образовани и недоволно подготвени да се вработат во економијата, а нивната шанса за егзистенција ја бараат како послуга во домовите на подобро стоечките семејства.