„Индипендент“: 4-годишно момче го спасило животот на четири лица во молот во Најроби

Од:

Заложничката криза во трговскиот центар во Најроби заврши и на виделина веќе излегуваат детали за појави на хероизам на некои од заложниците, пишува весникот „Индипендент“.

Така, четиригодишниот Елиот Приер од Велика Британија успеал да им се спротивстави на напаѓачите и на тој начин да го спаси животот на уште четири лица, посочува весникот.

Малиот Елиот видел како еден од напаѓачите пука во ногата на мајка му, по што му се развикал на терористот.

– Ти си лош човек, пушти не да си одиме, му викало тоа низ солзи на вооружениот исламист.

Иако со тоа очекувано било да предизвика гневна реакција, детето некако успеало да допре до чувствата на напаѓачот, кој за да го смири му дал чоколадце „Марс“, наведува „Индепендент“.

Потоа напаѓачот и дозволил на застреланата жена да ги одведе момчето и неговата сестричка Амели. Тогаш 35-годишната жена ја искористила можноста, па и  покрај раната успеала, освен своите две, да извлече и уште две непознати деца, од кои едното било рането.

Драматичниот настан пред новинарите го раскажал чичкото на малиот Елиот.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“