Индија потврди за прв смртен случај од мајмунски сипаници во Азија

Од:

Индија ја потврди за прв смртен случај од мајмунски сипаници , млад човек од јужната држава Керала, и тоа е прв фателен исход од болеста во Азија. Минатата недела, Шпанија објави за два смртни случаи поврзани со мајмуни сипаници, а Бразил еден.

Светската здравствена организација на 23 јули ја прогласи епидемијата за глобална здравствена вонредна состојба. Во саботата почина 22-годишен Индиец, а владата изолираше 21 лице кои стапиле во контакт со него.

Министерката за здравство на Керала, Веена Џорџ, изјави дека семејството на заразеното лице им кажало на властите дека младиот човек бил позитивно тестиран во Обединетите Арапски Емирати пред да се врати во Индија.

Федералното министерство за здравство на Индија немаше коментар за смртта на младиот човек, освен што наведе дека владата формирала работна група за следење на случаите на мајмунски сипаници во земјата, каде локалните медиуми објавија за најмалку пет случаи.

Светската здравствена организација на крајот на јули соопшти дека 78 земји пријавиле повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници, главно во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска