Индија планира да забрани повеќе од 50 кинески мобилни апликации

Од:

Индија има намера да забрани 54 кинески мобилни апликации за кои Њу Делхи смета дека може да го загрозат суверенитетот и безбедноста на земјата, јави телевизијата НДТВ.

Според владини извори, меѓу планираните апликации се Sweet Selfie HD, Beauty Camera – Selfie Camera, Viva Video Editor, Tencent Xriver, Onmyoji Arena, AppLock и Dual Space Lite.

Индија веќе неколку пати забрани кинески мобилни апликации. Во 2021 година, 59 беа забранети, вклучувајќи ги и популарните TikTok, WeChat и Helo.

Блокирани се вкупно 300 апликации. Процесот започна во 2020 година по ескалацијата на индиско-кинеските односи долж границата, каде имаше судири меѓу кинески и индиски војници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски