Хасна Аитбулахсен е третата личност која е убиена во средата за време на полициската рација во париската населба Сен Дени.
Хасна е роднина на главниот осомничен за нападите, Абделхамид Абауд, кој исто така е убиен за време на полициската рација, пренесуваат локалните медиуми.
За време на акцијата, Хасна Аитбулахсен се разнела со бомба.
Во урнатините е пронајдена и нејзината торба.