Инцидент во Лајпциг: На угината свиња испишано името на Меркел

Од:

Угината свиња на кој било испишано името на германската канцеларка Ангела Меркел, е пронајдена пред градилиште на џамија во Лајпциг, пренесуваат германските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Берлина, на телото на свињата со црвена боја биле испишани зборовите „Mutti Merkel“ (Мама Меркел).

Поради огромнаѕа популарност, канцеларката Меркел во текот на нејзиното десетгодишно владеење го доби прекарот „Мама“.

Истрагата за инцидентот ја презела службата за државна безбедност, која се сомнева на политичка позадина на настанот.

Саксонија, каде што се случил инцидентот, е една од најксенофобичните германски покраини, каде се случуваат најголем број од нападите врз мигрантите.

Сличен инцидент во Лајпциг се случи и пред три години кога по протести против изградба на нова џамија со минаре, пред објектот биле фрлени свински глави.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија