Инцидент во француска нуклеарна централа

Од:

Големо количество на пареа испуштено од нуклеарната централа во близна на селото Фламанвил во северниот француски регион Нормандија, пропаратено со силна бучава, предизвика загриженост кај локалното население.

Испуштањето на големото количество пареа и силната бучава биле регистиррани изутринава. Според очевидци, бучавата, која тарела околу еден час, потсетувала на прелетување на млазни авиони.
Централата го потврди инцидент, нагласувајќи дека пареата потекнувала од машинската сала на нуклеарката. Водената пареа излезе на нуклеарната централа, што предизвика силна бучава, се наведува во соопштението.

Според француската компанија ЕДФ, која стопанисува со централите во Франција, нема никаква опасност по луѓето и животната средина, бидејќи пареата потекнувала од секундарната мрежа на нуклеарката, која е одвоена од реакторите.

Причините за инцидентот засега не се познати, а екипи работат на нивно утврдување. За време на инциднетот реакторите на нуклеарната централа не биле запрени.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина