Имран Кан кандидат за пакистански премиер

Од:

Популистичкото Пакистанско движење за правда (ПТИ), кое победи на парламентарните избори одржани на 25 јули, денеска го предложи својот партиски лидер, поранешната крикет ѕвезда, Имран Кан за нов премиер на Пакистан.

За официјално да добие мандат за формирање влада, кандидатурата на Кан треба да ја одобри пакистанскиот Парламент.

На изборите ПТИ освои 116 места во 342-члениот Парламент и за обезбедување мнозинство ќе мора да преговара со неколку помали партии.

Според непотврдени информации, Кан за својата кандидатура веќе има обебзедено поддршка од 172 пратеници или еден повеќе од неопходните 171 за парламентарно мнозинство.

На изборот на Кан се очекува жестоко противење на втората по големина сила во Парламентот, конзервативната Пакистанска муслиманска лига (ПМЛ) на поранешниот премиер Наваз Шариф, која заедно со уште неколку помали партии, ги оспорува изборните резултати.

Аналитичарите сепак очекуваат до крајот на месецот Кан да ја формира својата влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица