Бројот на напади на пирати во светот е на најниско ниво во 2014 година, објави меѓународна група.
– Вкупно 245 пиратски инциденти се регистрирани во 2014 година, 44 отсто помалку во однос на 2011 година кога нападите на сомалиски пирати беа на највисоко ниво, соопшти Меѓународното поморско биро (ИМД).
Само 11 напади на пирати се извршени лани од сомалиски пирати кои напаѓаат во Аденскиот Залив, во Црвено Море и во Арапско Море, што е за 15 помалку во однос на 2013 година. Во 2011 година таа цифра била 236 инциденти.
– Во светот минатата година беа киднапирани 21 бродови, при што пиратите убиле четворица членови на екипажи повредиле 13, соопшти ИМД.