Им опадна рејтингот на канцеларот Шолц и на германската Влада

Од:

Мнозинството Германци се незадоволни од работата на новата социјалдемократско-зелено-либерална Влада, покажува најновото истражување на јавното мислење, што денеска беше објавено.

Само 30 отсто од анкетираните изјавиле дека се задоволни од работата на коалициската влада, составена од Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП). Дури 64 отсто од нив се помалку задоволни или целосно незадоволни, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот Форс за потребите на медиумската куќа РТЛ.

Во директната пресметка на политичките партии, Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) со 27 отсто сега е во солидно водство пред СПД, која би освоила 22 отсто од гласовите. На парламентарните избори на крајот на септември минатата година СПД освои 25,7 отсто од гласовите, а ЦДУ/ЦСУ 24,1 отсто.

За Зелените би гласале 16 отсто, Алтернатива за Германија (АфД) 10, Либералите ФДП девет и Левица шест отсто.

Гласачите на СПД (74 отсто) и Зелените (76 отсто) се позадоволни од работата на владата предводена од канцеларот Олаф Шолц (СПД), која ја презеде функцијата на почетокот на декември. Истовремено, само 31 отсто од гласачите на ФДП се задоволни од досегашната работа на Владата.

Меѓу главните причини за незадоволството е неизвесниот однос кон кризата во Украина, зголемената загриженост дека Русија е подготвена да изврши инвазија врз оваа земја. Берлин ги осуди ваквите планови, но се најде на удар на критиките поради одбивањето да испрати значителна воена помош за Украина.

Во истражувањето, 23 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од одговорот на владата на кризата, додека 67 отсто се незадоволни од тоа. Гласачите на СПД со мало мнозинство од 52 отсто ја поддржуваат политиката на владата кон Украина, додека 46 отсто од анкетираните велат дека не се задоволни со неа.

Според второ истражување на јавното мислење, овој пат на неделникот „Шпигел“, популарноста на канцеларот Олаф Шолц во последните два месеца е опадната. Само 22 отсто од анкетираните веруваат дека новиот социјалдемократски канцелар добро ја врши својата работа.

Кога ја презеде функцијата на почетокот на декември, 49 отсто од анкетираните беа убедени дека Шолц добро ќе се снајде во неговата функција како канцелар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Непопуларниот германски канцелар е избран од партијата да се кандидира за втор мандат

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември