Илон Маск се предомисли, сепак ќе го плаќа интернетот за Украина

Од:

Илон Маск, најбогатиот човек во светот и основачот на SpaceX, се предомисли околу неодамнешната одлука повеќе да не финансира интернет за Украинците преку неговиот систем Старлинк, објави на Твитер.

„И по ѓаволите… иако Старлинк продолжува да губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно, напиша Маск.

Маск пред неколку дена изјави дека неговата компанија SpaceX не може бесконечно да го финансира интернет сервисот Старлинк во Украина, ниту да испрати уште неколку илјади терминали во таа земја, па побара од Пентагон да се вклучи во финансирањето.

SpaceX не бара надоместок за досегашните трошоци, но исто така не може неограничено да го финансира постоечкиот систем, ниту може да испрати уште неколку илјади терминали, кои имаат до 100 пати поголем капацитет за податоци од типичните домаќинства. Тоа е неразумно, објави Маск на Твитер.

Би можело да ве интересира

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера