Илјадници Унгарци се собраа во Будимпешта за да му дадат поддршка на опозициското Клубрадио, на кое Медиумскиот совет, кој е близок до конзервативната Влада на Виктор Орбан, му ја одзеде фреквенцијата.
– Медиумскиот совет е симобол на лагата и на одземањето права, изјави претседателот на Клубрадио Андраш Арато.
– Пред една година бевме тука за да ја бараме нашата фрквенција, една година подоцна се уште не ја добивме, нагласи тој.
Арато потсети дека во 2012 година Судот шест пати се произнел во врска со спорот меѓу радиото и Медиумскиот совет и шест пати пресудил во корист на радиото.
– Тоа покажува дека Медиумскиот совет не успева да ги почитува законите, нагласи директорот на опозициското радио.
Со околу 400 илјади слушатели дневно Клубрадио е второто информативно радио во Унгарија и шесттото според аудиториумот.