Илјадници учесници на геј парадата во Прага

Од:

На централниот плоштад во Прага, се собраа 17 илјади лица како дел од карневалската Парада на гордоста на геј и лезбејската популација, во знак на солидарност со сексуалните малцинства во 76 земји каде се дискриминирани или немаат право на истополови бракови.

Прошетката која започна во 13.00 часот е кулминација на годинашниот четврти по ред, Фестивал „Прага прајд“, кој беше одбележан цела измината недела со разни манифестации.

Поворката, традиционално е составена од луѓе облечени во боите на виножитото придружена од автомобили со надворешни звучници од кои се слуша музика.

За денеска беа најавени и протестни маршеви од организации кои ги поддржуваат семејните традиции.

Полицијата соопшти дека уапсила три лица под сомнеж дека сакале да ја прекинат парадата.

Геј парадата првпат во Чешка се оддржа во 2011 година, кога во неа учествуваа 8.000 лица. Минатата година се собраа околу 20.000.

Во Чешка од 2006 година е усвоен Законот за регистрирани партнерства кој овозможува склучување на заедница меѓу хомосексуалните двојки.

Деновиве е актуелен предлогот на хомосексуалните двојки да им биде дозволено посвојување на дете, но само ако тоа е на нивниот регистриран истополов партнер, односно не се работи за класично посвојување од детските домови.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски