Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека во Багнадеш секојдневно пристигнуваат меѓу 10.000 и 20.000 бегалци Рохинџи од Мјанмар.
Меѓународниот притисок за прекин на насилствата во западниот дел на Мјанмар, каде претежно живеат припадниците на муслиманскиот народ Рохинџи, се повеќе се зголемува.
Насилствата во западниот дел на Мјанмар започнаа на 25 август откако силите за безбедност започнаа со агресивен одговор на неколкути напади од страна на припадници на мулитантните групи на Рохинџите.
Масовното бегство на Рохинџите, ОН го оквалификува како „катастрофално и „школски пример за етничко чистење“.
Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) соопшти дека речиси 60 отсто од бегалците, кои се упатиле кон Бангладеш од крајот на август, се деца.
Организација наведе дека бегалците во Бангладеш имаат голем недостиг од чиста вода и храна, како и други основни потреби.
УНИЦЕФ побара да бидат обезбедни седум милијарди долари во текот на следните четири месеци со цел успешно да се обезбеди помош за Рохинџите.