Илјадници евакуирани во Источна Германија, Будимпешта се подготвува за надојдениот Дунав

Од:

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во Источна Германија, откако реката Елба ја проби браната и се излеа, додека надојдениот Дунав се приближува кон Будимпешта каде војници и волонтери поставуваат насипи.

Области од северниот и јужниот дел на главниот град на Унгарија веќе се под вода, додека во центарот на градот е поставената брана во висина од 9,30 метри поради што нема поголема опасност од поплава, пренесува Танјуг.

Според официјалните лица околу 8.000 волонтери и специјализирани екипи во Будимпешта работат на зајакување на браните со помош на вреќи со песок.

Во поплавите низ Европа досега загинаа најмалку 21 лице, откако реките Дунав, Елба и Влтава се излеаја по поројните дождови во Централна Европа.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он