Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Од:

Неколку илјади демонстранти на синоќешниот протест во Тел Авив побараа крај на војната во Појасот Газа, истакнувајќи ја сè посериозната хуманитарна криза и кризата со глад во палестинската енклава.

Протестниот марш започна на плоштадот Хабим, а толпата се движеше низ централните улици на градот носејќи вреќи брашно и фотографии од палестински деца кои починаа од глад за време на конфликтот, објави утрово „Тајмс оф Израел“.

„Држиме слики од палестински деца од Газа кои починаа од глад. Тие починаа додека Израел ја блокираше помошта за Газа. Тука сме да побараме крај на гладувањето“, рече организаторот на протестот Алон Ли-Грин за време на митингот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад