Игор Додон ја поништи одлуката за распуштање на молдавскиот Паралмент

Од:

Молдавскиот претседател Игор Додон, разрешен од Уставниот суд, ја поништи одлуката за распуштање на Парламентот.

Додон им изјави на новинарите дека потпишал декрет со кој се поништува одлуката на привремениот претседател Павел Филип за предвремени парламентарни избори, за која тој тврди е „незаконска”.

Молдавските партии претходно се согласија да формираат влада и ја именуваа Маја Санду, поранешна министерка за образование и советник на Светската банка, за да ја намалат моќта на олигарсите во една од најсиромашните земји во Европа, со што заврши повеќемесечниот застој во Парламентот по изборите одржани во февруари.

Сепак, нивниот сојуз предизвика конфликт со Демократската партија на Молдавија и Уставниот суд, кој го разреши Додон и го назначи поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател.

Подоцна, Филип го распушти Парламентот и потпиша декрет за одржување предвремени избори во септември.

Би можело да ве интересира

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кучето на Санду го касна прстот на австрискиот претседател