ИДФ: Убиените новинари на Ал Џезира припаѓале на терористички групи

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат, повикувајќи се на разузнавачки информации, дека двајцата новинари на Ал Џезира кои беа цел на воздушен напад во неделата во Рафа, јужна Газа, биле членови на терористички организации во Појасот Газа.

Хамза Ваел Дахдух, син на дописникот на Ал Џезира од Газа, Ваел Дахдух, и Мустафа Турија, снимател на АФП, кој исто така работел за Катарската телевизија, биле убиени во нападот, пишува The Times of Israel.

ИДФ тврди дека разузнавачките служби потврдуваат дека и двајцата се членови на терористички групи со седиште во Газа и дека биле „активно вклучени во нападите врз силите на Израел“.

Би можело да ве интересира

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација