ИДФ: Израел уништи една третина од иранските лансери за балистички ракети

Од:

Израелските воздухопловни сили (ИАФ) уништија една третина од иранските лансери за балистички ракети и успеаја да попречат „широки делови“ од плановите на Иран за напад врз Израел, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), бригадниот генерал Ефи Дефрин.

Дефрин на прес-конференција изјави дека израелските воздухопловни сили воспоставиле „целосна воздушна супериорност“ над Техеран, објави „Тајмс оф Израел“.

ИАФ соопшти дека иранските баражи се состоеле од околу 30 до 60 ракети секој, и дека Иран се обидел да испали стотици балистички ракети одеднаш, но дека нападите на ИАФ врз иранските системи за лансирање балистички ракети ги попречиле нивните напади.

Дефрин рече дека 65 ирански балистички ракети и десетици беспилотни летала биле лансирани врз Израел преку ноќ и утрово, во два баражи, од кои повеќето биле пресретнати, и дека осум лица биле убиени, а речиси 300 ранети во три напади.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме

(ВИДЕО) Уништената е големата џамија во Занџан, има мртви и ранети

Гвир: Напишавме историја, нема да ја слушаме ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: Наскоро го напуштаме Иран, цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи

(ВИДЕО) Рубио: На повидок е крај на војната

Горан Наумовски

Најголем месечен скок на цените на нафтата од Заливската војна во 1990 година

Горан Наумовски