ИДФ фрли летоци над Газа со порака „Хамас повеќе нема да владее“ со енклавата

Од:

Израелските сили денеска фрлија летоци над јужниот дел на Појасот Газа на кои е прикажана сликата на убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар со порака дека милитантната организација „повеќе нема да владее со Газа“.

„Секој што ќе го остави оружјето и ќе ги предаде заложниците ќе му биде дозволено да си замине и да живее во мир“, се вели во летокот, напишан на арапски, според жителите на јужниот град Кан Јунис и сликите што кружат на интернет.

Текстот на летоците е преземен од говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот, откако Синвар беше убиен од израелски војници во Рафах, на југ во близина на египетската граница, пишува The Times of Israel.

Би можело да ве интересира

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор