Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Од:

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од пописот на жртвите може да се види дека најмладата имала само 3 години, а возраста на другите се движи до 77 години.

Над 120 луѓе, вклучително и полицијата, воени патолози и форензичари, беа вклучени во процесот на идентификацијата.

Телата на првите жртви се предадени на семејствата, а првиот погреб беше одржан вчера. Секоја ден веќе се погребуваат жртвите во Крајстчерч.

Семејствата изразија незадоволство поради долгото чекање на телата на своите најблиски бидејќи исламот наложува погреб најдоцна за 24 часа од смртта.

Се обновува џамијата, која е оштетена од куршумите. Премиерката Жакинда Аредерн најави дека утрешната молитва за жртвите ќе биде емитувана во живо и дека ќе се одржи двеминутно молчење.

Вооружени полицајци ги чуваат џамиите Ал Нор и Линвуд. Тие ќе бидат утре отворени, а најголем број верници се очекуваат во џамијата Ал Нор каде што имало и најмногу жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска