Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија

Од:

Австралиската полиција, за време на истрагата за убиството на жената чии останки беа пронајдени во бетонски ѕид минатата година, ја идентификуваше жртвата и рече дека била убиена пред повеќе од десет години. Тања Ли Гловер, родена во 1971 година, имала оштетен вид и слух и имала приближно 38 години во моментот на нејзината смрт, соопшти денеска полицијата во Квинсленд.

Телото на Ли Гловер беше откриено минатиот декември кога чистачите пронајдоа неидентификувани човечки останки зад бетонски ѕид во подрумот на станбен комплекс во Алдерли, предградие на Бризбејн. Нејзиното тело било делумно закопано во ѕидот и било цврсто завиткано во облека и постелнина, пишува CNN.

На властите им требаа осум месеци за да го потврдат идентитетот на жртвата користејќи ДНК анализа и национални бази на податоци, рече детективот Ендрју Масингем, додавајќи дека нејзината смрт се третира како можно убиство.

Засега нема многу информации за животот на Тања Ли Гловер, која живеела прилично затскриено. Таа била толку изолирана од општеството што никој не ја ни пријавил за исчезната.

„Во овој момент не знаеме дали била вработена. Според првичните информации, таа била многу повлечена личност, водела многу мирен живот и не била активна на социјалните мрежи“, изјави Масингем.

Откако полицијата ја идентификувала жртвата, стапила во контакт со нејзиното семејство и открила дека Гловер пред извесно време изгубила контакт со нејзините родители и дека тие верувале дека таа се преселила во друг град во Австралија. Масингем наведува дека се работи за необичен случај и дека допрва треба да се утврди мотивот за нападот, односно зошто некој би убил ранлива, немажена жена, а потоа на овој бесчувствителен начин би го фрлил телото.

На фотографијата објавена од полицијата се гледа Ли Гловер како насмеана жена со црна коса до рамениците и очила. Гловер се преселилa во Квинсленд од Нов Јужен Велс во 2006 година и живеелa во областа на долината Фортитд до 2010 година.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ