Полицијата го идентификуваше и третиот напаѓач, кој учествуваше во терористичките напади минатиот месец во концертната сала „Батаклан“, јави Танјуг.
Извор од полицијата изјави дека станува збор за 23-годишен маж од Стразбур, Фуед Мохамед Агад.
Тој кон крајот на 2013 година патувал во Сирија со неговиот брат и група пријатели.
Во терористичките напади во Париз на 13 ноември се убиени вкупно 130 лица, од кои 90 во салата „Батаклан“.