Идентификуван напаѓачот на францускиот војник во Париз

Од:

Напаѓачот на францускиот војник во квартот Дефанс во Париз во саботата е уапсен и тој ја призна одговорноста за нападот, јави дописникот на МИА од Париз.

Напаѓачот кој се вика Александар е на возраст од 22 години и „го призна делото“ за време на неговото апсење изутринава во парискиот регион, соопшти јавниот обвинител Ксавие Молан.

Обвинителот пред новинарите објасни дека напаѓачот врз војникот имал намера да убие и дека не им бил познат на разузнувачките служби. Тој бил идентификуван само еднаш во 2007 при улична молитва.

Директорот на правосудната полиција Кристиан Флаеш потврди дека уапсениот им бил непознат на полициските служби, освен контролата во 2007 и дека потекнува од едно „пристојно семејство“.

Според обвинителот, напаѓачот Александар Д. во саботата музадал удар, најверојатно со нож од типот „Лагиол“, на војникот кој патролирал на Дефанс. При убодот не е оштетен ниту еден витален орган, а војникот се здобил со повреда поради која добил само десетдневна поштеда од работните обврски.

Напаѓачот покажал голема решителност и не се двоумел да зададе повеќе удари. Од примероци земени од торбата која напаѓачот ја оставил на местото на нападот, истражните органи успеале да го утврдат „генетскиот профил на напаѓачот“.

При пегледување на видео снимки е утврдено дека напаѓачот во 17 часот и 46 минути, односно само осум минути пред нападот, присуствувал на муслиманска молитва. Еден час претходно тој купил ножеви во еден супермаркет.

Напаѓачот досега не бил осудуван, но повеќе пати бил опоменуван за непочитување на јавниот ред. Александар Д. бил уапсен кај еден свој пријател, кој воопшто не е вмешан во нападот и не знаел дека полицијата трагала по него. Алексансдар веднаш го признал делото.

Би можело да ве интересира

Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

А1он

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски