ИД презеде одговорност за нападот во Северен Синај

Од:

Терористичката групација Исламска држава (ИД) презеде одговорност за вчерашниот напад врз контролен пункт на египетските безбедносни сили во провинцијата Северен Синај во североисточен Египет, при кој загинаа осум лица.

– Ненадејниот напад што го спроведоа борците на ИД на контролниот пункт во градот Ариш во Северен Синај, следеше по детонацијата на автомобил бомба поставена од борец на ИД, стои во соопштението објавено на порталот на терористичката групација Амак.

Северен Синај се претвори во дом на повеќе радикални групации, откако египетксата Армија го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси, по масовните протести во земјата против него.

Некои од тие екстремистички групи веќе објавија лојалност кон ИД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува