ИД презеде одговорност за денешниот напад во Авганистан

Од:

Огранокот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Авганистан презеде одговорност за денешниот двоен бомбашки напад во источноавганистанскиот град Џалалабад, при што загинаа најмалку 33 лица, а над сто беа ранети, јави ТАСС.

Првиот напад се случи пред експозитура на „Кабулската банка“, каде поголем број државни службеници чекале да ги подигнат своите плати. Според полицијата, експлозивната направа била поставена на еден велосипед, паркиран пред банката.

Набрзо по овој напад, во Џалабад експлодира уште една бомба поставена пред општинскиот Оддел за информации и култура.

Набрзо по нападите се огласија талибанските бунтовниции кои отфрлија каква и да било нивна поврзаност со овој терористички напад.

Во јануари годинава лидерите на ИД прогласија формирање „Емират Хорасан“, во кои влегуваат териториите на Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш. За „емир на Хорасан“ беше прогласен еден од лидерите на пакистанските талибанци, Хавез Саид Хан.

За три месеци постоење огранокот на ИД во Авганситан изврши серија напади во кои загинаа над 40 лица.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица