ИД повикува да се изврши напад во Вимблдон

Од:

Џихадисти од милитантната група Исламска држава (ИД) ги повикаа своите истомисленици кои дејствуваат како „осамени волци“, да извршат терористички напад на тенискиот турнир во Вимблдон, по примерот на оној во Манчестер, јавија лондонските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според овие извори, еден џихадистички канал на интернет ги повикувал осамените бомбаши-самоубијци да нападнат цели на годинешниов тениски турнир во Вимблдон, што ќе трае до 16 јули.

Разузнавачки агенции веќе надгледуваат една карта на комплексот тениски терени и нивната непосредна околина, која е дистрибуирана на каналот, заедно со повикот за дјствување до прикриените џихадисти на британска територија.

Каналот на интерент каде се појавила картата е познат како „Лоун Муџахид“ и на него е поставен проглас во кои се бара од напаѓачите да се „инспирираат од Манчестер Арената“.

Во нападот овој овој британски град, извршен на излезот на големата концертна хала „Манчестер Арена“ непосредно по завршувањето на еден поп концерт, беа убиени 23 лица, најголем број тинејџери и деца, а 100 други беа ранети од страна на бомбаш самоубиец, британски муслиман по потекло од Либија.

Организаторите на годинешниов тениски турнир изјавуваат дека безбедносните мерки се исклучително заострени, особено по трите терористички напади во Велика Британија – прво на лондонскиот мост Вестминстер во непосредна близина на зградата на Парламентот, па во Манчестер, а потоа и на Лондон Бриџ и во блискиот Бороу Маркет.

Специјални полициски сили вооружени со огнено оружје патролираат околу тенискиот комплекс, на кој секој ден има десетици илјади гледачи и посетители.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот