ИД од Турција го нападна Кобане

Од:

Екстремистите од „Исламската држава“ рано изутринава од Турција го нападнаа сирискиот град Кобане, што е прв таков напад во повеќемесечната опсада на тој град на границата меѓу двете држави, соопшти сириски функционери.

Портпаролот на сириската курдска партија Демократска унија Навал Халил изјави дека екстремисти од ИД во Турција го нападнале граничниот премин кој ја поврзува државата со Кобане.

Халил и Сириската опсерваторија за човекови права, група за мониторинг со седиште во Лондон, потврдија дека офанзивата на исламистите почнала со самоубиствен напад во кој учествувало едно оклопно возило, на смаиот граничен премин.

Вториот бомбаш самоубиец, кој носел појас со експлозив подоцна, на истото подрачје го активирал, наведе Опсерваторијата.

Според податоците на активистите, потоа судирите се разгореле низ целиот град, а уште еден автомобил-бомба бил активиран на југ.

Најмалку 30 борци на обете страни досега загинаа, меѓу кои 21 припадник на ИД и девет припадници на курдските сили, соопшти директорот на опсерваторијата Рами Абдул Рахман.

Претходно сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем изјави дека воздушните напади не ја ослабеле ИД и оти е неопходен притисок врз Турција да ја зајакне контролата на границата за да се спречи движењето на екстремистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години