И Велика Британија најверојатно ќе забрани увоз на руска нафта

Од:

Се очекува премиерот Борис Џонсон во текот на денот да објави дека и Велика Британија ќе забрани увоз на руска нафта и гас, објави Политико.

Според порталот забраната за увоз на нафта ќр биде воведена во наредните месеци, но оти истата нема да важи за увоз на гас.

Претходно, Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД.

– САД потегот ќе го повлечат еднострано, без европските сојузници, поради несогласувањата меѓу европските држави околу тоа дали да забранат руски енергенси. Земјите од ЕУ се значително поизложени на руските енергенси, отколку САД, изјави неименуван извор за американската телевизија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа