И помеѓу ѕвездите постојат „вампири“

Од:

Меѓународните астролози открија изненадувачки феномен кај ѕвездите, утврдувајќи дека голем број масивни ѕвезди во Млечниот Пат, се дел од бинарен систем и имаат бурни меѓусебни односи, т.е. едната од двете ѕвезди дел од парот го впива исфрлениот гас од другата ѕвезда.

Астрономите ги набљудувале ѕвездите од типот О, кои имаат многу високоа температура, тежина и сјај. Тие имаат краток животен век и многу важна улога во еволуцијата на галаксиите. Научниците открија дека повеќе од 70 % од овие масивни ѕвезди имаат свој близок придружник, со кој заедно прават бинарен систем и кружат една околу друга.
„Тоа се ѕвезди – ѕверови. Тие имаат 15 или повеќе пати поголема масата на нашето Сонце и можат да бидат милион пати посветли. Толку се врели што имаат сино-бела светлина и површинска температура над 30.000 степени Целзиусови“, вели Хју Сана од Универзитетот во Амстердам, Холандија.

Астрономите испитувале 71 индивидуална ѕвезда од типот О, како и тие што се во бинарни парови. ОД нивната детална анализа, научниците откриле дека дури 75 % од сите ѕвезди од 0- типот се во бинарен систем, кој е многу посилен од што претходно се мислеше.
Спојувањето на ѕвездите се предвидува да биде насилна судбина на околу 20% до 30 % од типот О. Дури изразот „ѕвезди вампирки“ е преблаг за да ги опише 40% до 50 % од случаите, што ги чувствуваат последиците од овие ѕвезди.

Интересно е да се каже дека не поголемата, туку помалата ѕвезда се подмладува „цицајќи“ го гасот исфрлен од својот поголем придружник. Затоа нејзината тежина се зголемува и таа го надживува својот сосед, но и поеднинечните ѕвезди со иста маса.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ