И покрај забраната „РТ Франс“ емитува програма во живо и на француски преку видео платформата Одисеј

Од:

Рускиот канал РТ, на кој му беше забрането емитување во Европската унија од март и инвазијата на Украина, дискретно го продолжи своето дирекно емитување на програмата на видео платформата Одисеј, јави дописникот на МИА.

Како што објави француското радио Франс Интер од јавниот сервис, зелениот микрофон со логото „РТ Франс“ се врати пред камерите. Информативниот канал RT France (поранешен Russia Today) продолжи со програма во живо, на неколку временски периоди, ова од пред неколку недели преку видео платформата Odysee. Француските новинари на РТ Франс исто така се вратија на терен, со извештаи и дуплекси. Сепак, на рускиот канал му беше забрането емитување во рамките на Европската унија од 2 март, по инвазијата на Украина, обвинет дека е инструмент за „дезинформирање“ на Кремљ.

Според регулативата усвоена од Советот на ЕУ, оваа забрана се однесува на телевизијата, но и на „платформите или апликациите, нови или постоечки, за споделување видеа на Интернет“. Во своето соопштение за печатот, Арком (францускиот регулатор) прецизираше дека станува збор за „суспендирање на дистрибуцијата со какви било средства за содржина од РТ и Спутник“. Поради тоа, ТВ-преносот беше прекинат на 2 март. Беа блокирани и сметките на Твитер, Фејсбук и Телеграм. Веб-страницата беше избришана од пребарувачите, но продолжи да биде пополнувана со статии и видеа. Во јули, европската правда го отфрли барањето на РТ Франс да се укине суспензијата. Руските медиуми најавија жалба. Апелација која не е суспензивна, со самото признание на адвокатот на РТ Франс со кој контактираше француското радио.

Платформата Одисеј беше создадена во септември 2020 година од американскиот слободар Џереми Кауфман. На својот канал, како и досега, РТ Франс се занимава со француски и меѓународни вести.

Така, во понеделник, Надеж Абдеразак беше во живо од парискиот суд, по сослушувањето на поранешниот претседател Франсоа Оланд за време на судењето за нападите во Ница. Дуплексот е проследен со интервју со адвокатката Вирџин Ле Рој, снимено внатре во судот од страна на новинар од РТ Франс.

Во основа, тонот е ист како и пред забраната за емитување. Ги наоѓаме и истите говорници, како што е уредникот на Суд Радио Алексис Пулин оваа недела или дури и професорката на Државниот универзитет во Москва, Карине Беше-Головко.

За првиот, запрашан по делумното уништување на мостот на Крим, неговиот одговор беше „се е направено“ од западната страна „за да војната трае“. Втората зборува за „манипулација“ во говорот на Џо Бајден за ризикот од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. „НАТО води војна против Русија преку Украина“, вели Карин Беше-Головко. Таа евоцира „воена пропаганда“, која ја спроведуваат „политичките лидери и повеќето западни медиуми“, која „има за цел да ја направи Русија незапирлив непријател, оди речиси дотаму што ќе го легитимира таканаречениот одбранбен напад бидејќи Русија би била агресивна“.

На 26 септември, на денот на референдумите за приклучување кон Русија во украинските региони Запорожје, Керсон, Луганск и Донеск, на лице место беше репортер од РТ Франција. Аголот на извештајот? Присуство на „меѓународни набљудувачи“, поканети од Русија да обезбедат „непречено одвивање на гласањето“. Според извесен Хјацинте Телу, прогласен за „набљудувач на изборите од Того“, „населението е ентузијастичко“, „засега не сме виделе некој што е против референдумот“.

Програмите очигледно се произведуваат во Франција бидејќи неколку новинари се на снимање, со ресурси достојни за телевизиски канал. Сликите што се емитуваат доаѓаат од нивните извештаи на теренот, но и од видеата објавени од Националното собрание, на пример, или од агенцијата Франс прес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми